Албанското МНР по повод 8 Септември: Најтопли честитки до Владата и народот на Република Северна Македонија

Министерство за надворешни работи на Албанија упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста.

– Најтопли честитки до Владата и народот на Република Северна Македонија по повод Националниот празник. Нашите пријателски односи меѓу нашите земји и луѓе дополнително ќе се развиваат и продлабочуваат во наша заедничка корист и во интерес на регионот, објави албанското МНР на платформата Х.

Треба да знаете
Последни објави