Претреси во Неготино и кавадаречко, пронајдено оружје

На 06.09.2024 во 09.45 часот во Неготино  полициски службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Н.(49) од Неготино. Со наредба од Основен суд Кавадарци полициските службеници за криминалистички работи од ОВР Неготино и ОВР Кавадарци извршиле претрес во неговиот дом во Неготино и во село Бојанчиште, кавадаречко, при што биле пронајдени и одземени два карабини „застава”, кои ги поседувал без соодветна дозвола, две машинки за изработка на ловни патрони, две машинки за ставање и извлекување на иницијални каписли, комплетна опрема за изработка на ловни патрони, ловни патрони, куршуми и пиротехнички средства.

С.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави