5170 ученици од Бутел добија бесплатни униформи

Вкупно 5170 ученици од Бутел добија бесплатни униформи.

– Тргнувајќи од желбата да се намалат разликите меѓу учениците, од оваа година, општина Бутел на секој ученик од прво до девето одделение му обезбеди комплет униформа. Ова е уште една мерка со која директно помагаме на родителите. Од оваа учебна година 2024/2025 година, за сите наши ученици обезбедивме униформи, изработени од памучни материјали и висококвалитетни бои, кои ќе можат да се носат во текот на целата учебна година, информираше градоначалникот Дарко Костовски.

Секоја наредна учебна година, општина Бутел на новите учениците ќе им овозможува бесплатни униформи, затоа што учениците заслужуваат еднаков третман и чувство на припадност во образовните институции! Вложуваме и сме посветени на нашата иднина, додава тој.

Треба да знаете
Последни објави