Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска во Рамштајн, Германија учествуваше на состанок на Контакт-групата за Украина кој го водеше секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, а на кој за првпат присуствуваше и украинскиот Претседател Володимир Зеленски.

На денешниот состанок на кој учествуваа министри за одбрана  и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, а кој се одржа во три сесии со свои обраќања го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин и Претседателот на Украина, Зеленски. На состанокот беше потврдено дека мора да се почитуваат принципите на меѓународниот правен поредок и недвосмислено беше изразена поддршка за независноста и одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

57 земји од кои сите 32 членки на НАТО Алијансата ја сочинуваат Контакт-групата за Украина каде под лидерство на Соединетите Американски Држави се координираат напорите за помош и поддршка на Украина.

Нашата земја останува посветена кон поддршката на Украина и украинските граѓани.

На маргините на состанокот на Контакт–групата за Украина, министерот Мисајловски оствари средби со своите колеги од Бугарија, Албанија и Косово и со заменик министерката за одбрана на Романија на кои беше потврдена заложбата за траен мир во Европа.

Треба да знаете
Последни објави