Скопјанец со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде

Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.С.(27) од Скопје поради „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.

„На 16 август, пријавениот со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде. Исто така, на 10 мај на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, откако пријавениот проверил дека друго лице немало пари на банкарската картичка, со пиштол му упатил закани“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Треба да знаете
Последни објави