Опожарено „ауди“ на девојка од Гази Баба паркирано во нејзиниот двор

Денеска во 04.21 часот во полицијата било пријавено дека во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба бил опожарен автомобил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 27- годишаната О.С. од Скопје.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави