Трагична несреќа: Малолетник повреден на машина за сечење дрва

Вчера во 14.45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Гостивар.

По преземени мерки и активности било констатирано дека тој со уште две лица биле ангажирани за сечење на дрва во дворот на И.Р. во гостиварско Чегране и при работа на машина за сечење дрва се здобил со повредите.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар во содејство со инспектори од Државен трудов инспекторат.

Треба да знаете
Последни објави