ПРОДОЛЖЕНО ЛЕТО ВО МАКЕДОНИЈА: Сепак, во попладневните часови очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облаци

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, периодот на натпросечно топло време во Македонија продолжува (Продолжено лето). Меѓутоа, во попладневните часови очекуваме локална појава на изолирани конвективни грмотевични облаци од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на локално краткотрајно невреме.

И во Скопскиот регион продолжува периодот на натпросечно топло време, меѓутоа, во попладневните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 11 и 19 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 35 и 36 степени.

За неколку степени пониски температури може да очекуваме од петок.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Треба да знаете
Последни објави