Пратениците денеска ќе решаваат за интерпелацијата на Гаши

Предлогот на политичката партија Левица за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши треба да биде разгледана на денешната прва пленарна седница по одморот на пратениците.

Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на Левица, а според најавите, поддршка ќе даде опозициската СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалициониот партнер „Вреди“ нема да дадат поддршка.

 Претседателот на Собранието на брифингот со новинарите на 27 август рече дека интерпелацијата ќе биде прва точка на дневен ред на седницата закажана за денеска.

Интерпелацијата, како што тогаш изјави, не е политички издржана. Се надева дека на седницата ќе има соочување на аргументи и, како што рече, како ќе одлучи пленумот, така ќе постапи.

Во изјава за телевизија „Сител“ дадена вчера Гаши рече дека би сакал секој пратеник да гласа и да одлучи по свое сопствено убедување.

– Интерпелацијата е демократска алатка што ни овозможува да даваме отчет пред пратениците и пред граѓаните. Ќе ја почитувам секоја одлука што ќе ја донесе Собранието.

Треба да знаете
Последни објави