Паднала ограда покрај основно училиште и повредила жена

Кумановка е повредена откако врз неа паднала ограда во близина на основно училиште во Куманово. Несреќата се случила вчера околу 8 часот.

„Во СВР Куманово било пријавено дека кај основно училиште кај „Соколански парк“ се откачила ограда и паднала на У.П.(60) од Куманово, која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Куманово за укажување помош. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави