Малолетник од Скопје прегазен од „нисан”

Вчера во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот С.С., удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Треба да знаете
Последни објави