Град Скопје со предлог – изградба на мега-парк на опожареното место во Кисела Вода

Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, велат од Град Скопје.

„Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме Општина Кисела Вода да го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за изградба на нов мега-парк на таа локација“, дополнуваат оттаму и додаваат:

„На овој начин жителите на општината ќе добијат нов зелен појас наместо запуштен простор, кој во моментов претставува опасност по животот и здравјето на граѓаните“.

Треба да знаете
Последни објави