Тренчевска: Без образовни асистенти на првиот училишен ден-Јаневска нема чувства!

Образовни асистенти за децата со попреченост на првиот училишен ден ќе нема. Ова е дно! На сите над 800 досегашни асистенти договорите им се прекинати. Ќе имало огласи за нови!, вели пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во објава на Фејсбук.

-Која нечувствителност од Весна Јаневска. Нема да ја наречам министерка оти не заслужува! Таа се покажа и до сега дека е неспособна, лоша, без емоции за децата и наставниот кадар (освен за името што ќе заплачеше). Ѓон!, наведува Тренчевска.

Децата со попреченост се навикнати на своите досегашни асистенти. Секоја промена кај нив предизвикува емоционална реакција.  Ако не знаете советувајте се со експерти или најдобро со родителите на овие деца.  Не сте нормални! Толку!, вели Тренчевска во објавата.

Треба да знаете
Последни објави