До 14 часот вкупно 12 пожари, од нив шест активни, три под контрола

Центарот за управување со кризи попладнево информира дека во текот на денешниот ден до 14 часот имало вкупно 12 пожари на отворено од кои шест се активни, три под контрола и три изгаснати.

Активни се пожарите на планината Мукос меѓу селата Степанци, Оморани и Ораов Дол каде гори мешана шума и во селото Долно Јаболчиште кон планинскиот масив Лисец во општина Чашка каде гори ниска вегетација. Активни пожари има и во општина Долнени меѓу селата Десово и Дреновци, и во општина Прилеп меѓу селата Пештани, Кокре и Кален каде е опожарена ниска вегетација. И во општина Штип меѓу селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, полигон Криволак има пожар, како и меѓу селата Студеничани-Моране во општина Студеничани.

Под контрола се пожарите кај селото Дурфулија во општина Лозово, кај селото Острец во општина Битола и кај селото Србиново кон Железна рака во општина Гостивар

Треба да знаете
Последни објави