Приватните автобуси нема да сообраќаат низ Скопје во понеделник

Наместо да сообраќаат низ скопските улици, приватните автобуси во понеделник, кога започнува новата школска година, ќе останат паркирани. Превозниците едногласно одлучија да воведат редуциран сообраќај, при што на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус само еднаш во денот, наутро или навечер.

Приватните превозници за Телма изјавија дека нивните возила ќе тргнуваат од прва до последна станица и назад, по што ќе бидат исклучени од сообраќај. Тоа значи дека во зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси. Одлуката следи откако ЈСП не одговори позитивно на барањата за исплата на долгот кон приватните превозници, ниту за покачување на цената по километар.

Во меѓувреме, на седницата на Град Скопје не беше усвоена одлуката за набавка на нови еко автобуси. Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, најави дека ќе се обидат да поправат околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е значително помалку од потребните 150 автобуси кои ќе недостасуваат.

Треба да знаете
Последни објави