Дупка длабока над 2 метра проголта автомобил на фреквентен пат во Сеул: снимен моментот на несреќата

Во Сеул на фреквентен пат се отворила огромна дупка која буквално проголтала автомобил, а во таа прилика биле повредени маж (82) и жена (76).

Оваа несреќа се случи на 29 август недалеку од центарот на градот.

На видеото кое беше споделено на мрежите се гледа дека сообраќајот се одвива нормално по сите коловозни ленти, но во еден момент патот пропаѓа и автомобил паѓа во дупка, пренесуваат медиумите.

Во автомобилот имало брачен пар, а во несреќата повредени се и двајцата.

Подоцна беа објавени фотографии на кои се гледа автомобилот, превртен на левата страна, во дупка длабока повеќе од два метри.

Спасувачите по пријавата излегле на местото на настанот. Го извлекле прво повредениот, кој управувал со возилото, а потоа и неговата сопруга од совозачкото седиште.

Не се соопштуваат детали поврзани со здравствената состојба на патниците. Двајцата се пренесени во најблиската болница.

Треба да знаете
Последни објави