Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со платформата X

Корисниците на платформата X (порано позната како Twitter) од различни делови на светот пријавуваат проблеми со работата на апликацијата и поврзувањето на серверот. Најчесто се известува за потешкотии при вчитување на содржините и обновување на објавите.

„Ја освежив апликацијата и постојано ми кажува да пробам повторно“, „Ја ажурирав апликацијата, го рестартирав телефонот и сè уште ништо“, „Ниту една од објавите не се вчитува“ – ова се само дел од коментарите на фрустрираните корисници кои го споделуваат своето искуство со проблемите на платформата.

Треба да знаете
Последни објави