ВМРО ДПМНЕ: Од СДС нека не измислуваат топла вода, нека и кажат на Бисера Антоанета дека треба да одговара за трошење на пари на граѓаните за приватни цели

СДС на изборите го допре дното. Граѓаните јасно им кажаа не на 8 мај. Сега наместо да измислуваат топла вода нека се погледнат себе си.

За почеток нека и кажат на бисера Антоанета дека треба да одговара за трошење народни пари.

Бисера Антоанета трошела пари на граѓаните за приватни цели, таа купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со народни пари.

Тоа јасно го покажува и месечниот извештај од Виза бизнис картичката која е сопственост на Министерството за култура, а издадена на име на Бисера Антоанета.

Бисера Антоанета е фатена и има докази дека со народни пари си купувала работи за лична употреба и потрошила повеќе од 700 фунти.

СДС треба конечно да почне да гледа во своите редови!

Треба да знаете
Последни објави