Шест милиони Британци украле нешто користејќи ги касите за самопослужување

Еден во осум луѓе кои пазареле претставувале дека купуваат поевитни производи од тие што реално ги купувале кога избирале на екранот, покажува истражувањето на 1099 Британци спроведено од Ипсос.

Познат како „банана трик“, на касите за самопослужување, луѓето претставувале дека купуваат овошје и зеленчук кога купувале други производи за да платат само мала сума. Анкетата покажала дека 48 отсто од граѓаните сметаат дека овој трик не треба да се смета за крадење.

Осум отсто признале дека украдиле нешто што чини до 10 функти, без да го платат, а 26 отсто рекле дека тоа не треба да се смета за крадење и да биде казнив.

13 отсто од луѓето признале дека украле нешто што чини до една фунта, а дури 47 отсто од луѓето сметаат дека тоа не треба да се смета како кршење на законот.

Во Велика Британија изминатата година биле регистрирани 443,995 случаи на крадење од продавници, што е еднакво на 50 кражби на секој час. Продавачите велат дека поради крадењето ги чини околу 1,8 милијарди фунти секоја година. Како резултат на тоа, маркетите инвестирале дополнителни 700 милиони фунти за мерки за безбедност.

Многумина ги обвинуваат касите за самопослужување за зголемување на бројот на кражбите. Во Велика Британија во моментов има околу 80 илјади вакви каси, додека во САД се забележува враќање кон стандардните каси со продавачи.

Од касите за самопослужување се жалат и дел од купувачите, кои израсуваат фрустрации од нив и велат дека порадо би комуницирале со луѓе кога плаќаат за нивното пазарење.

Треба да знаете
Последни објави