По седум години во бегство, се предаде осомничен за „27 април“

По седум години во бегство, на граничниот премин “Деве Баир”, на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, јавува Канал 5.

Тој бил баран по меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во Собранието или во народот познат како случај „27 април“. Осомничен е за злосторничко здружување и загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но Врховниот суд на земјата го одби барањето на Македонија за екстрадиција.

Треба да знаете
Последни објави