Почина Кристоф Даум, легендарниот германски тренер и освојувач на Бундес лигата

На 70 години почина легендарниот германски тренер и победник во Бундес лигата со тимот на Штутгарт, Кристоф Даум, објави Билд.

Во текот на својата исклучително богата кариера водеше бројни клубови, а најголема трага остави на клупата на Келн, со кој двапати беше вицешампион на Германија.

Најголемиот успех во кариерата го постигна со Штутгарт, со кој ја освои двојната круна во Германија во сезоната 1991/92, а шампион беше и со Австрија Виена, Бешикташ и Фенербахче,

Тој неколку години се борел со ракот, а, како што се наведува, починал во саботата опкружен со семејството.

Треба да знаете
Последни објави