Шутаров: Арсовска и Владата треба да понудат решенија за решавање на проблемите во Скопје

Изјава за медиуми, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ

Како советничка група, се она што досега сме го слушнале и од страна на градоначалничката и од страна на владата е дека денеска треба да понудат решенија како ќе почнат да се решаваат проблемите во градот Скопје кои сите граѓани ги мачат.

Првенствтено околу јавниот превоз, чистотата, зеленилото, комуналната хиена, кои што се приоритетите и што граѓаните очекуваат од оние кои се носители на јавни функции да ги решаваат проблемите.

Очекуваме дека пред советниците ќе биде предложен план што како Совет треба да се изгласа, да се усвои.

СДСМ останува конструктивно да делува, ќе дадеме одредени наши сугестии за тоа како да се подобрат состојбите. Исто како и во изминатите 2 години, даваме наши предлози, ставови, размислувања, сме имале јасен став зошто одредени предлози сме ги поддржувале но исто така и зошто одредени предлози не биле поддржани од наша страна.

Кога станува збор за интересите на граѓаните, од аспект на јавна чистота, превоз, јавни претпријатија,  сме ги поддржувале одлуките за да овозможиме подобрување на условите за живот и услугите кои ги користат граѓаните.

Во 2021 година кога Советот го донел Буџетот после тоа сите програми биле изгласани. За разлика од тогаш, во 2023 година дел од програмите не се гласаа до крајот на годината а оваа година имаме изгласани само неколку програми.

Не се изгласани програми како што реков за јавен превоз, за патници, за јавната чистота, паркви и зеленило, а јавните претпријатија треба да работат врз програми изгласани од советот.

Ние иако сме имале забелешки не сме биле никогаш кочничари на процесот во градот Скопје, меѓутоа мнозинството не ги поддржа.

Треба да знаете
Последни објави