СДСМ: Нема повисоки плати за работниците, но има за бизнис класа од 20.000 евра за Мицкоски

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Додека трошоците за живот интензивно растат, животот на граѓаните станува се потежок, Мицкоски вели нема пари за поголеми плати за работниците. Иако им ветуваше поголеми плати пред изборите сега создава алиби дека нема да го исполни ветувањето.

Кога треба да се покачи минималната плата за работниците Владата на Мицкоски нема пари.  Само кога треба тој, Мицкоски и неговите министри да патуваат тогаш има пари и за луксузирања, и за скапи карти од 20.000 евра, и за бизнис класи, за бројни делегации…

Не е дека нема пари, има пари доволно, прашањето е на приоритети. 

ВМРО-ДПМНЕ го потценува трудот на работниците и ги смета за евтина работна сила. 

Затоа со оваа власт нема да има поголеми плати.

Треба да знаете
Последни објави