Петровска: Ме сликате, ме следите и ми се заканувате, но јас криткував и ќе продолжам, тоа ми е должност

“Ме сликате, ме следите и се заканувате.

Предходно не ме критукувавте за работењето туку ме омаловажувавте, навредувавте и клеветевте.

Но јас криткував и ќе продолжам. Тоа ми е должност.

Како што е должност на МВР да провери кој следи народен пратеник, доскорашен министер за одбрана односно жена додека го шета својот миленик и згора на се објавува фотографии на социјални мрежи и се заканува.

Скопје 7 месеци по превземањето на МВР од страна на ДПМНЕ е небезбеден град.

Христијан, наместо да ме замолчуваш со притисоци од ваков тип одговори и на јавноста:

Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена⁉️
Во тоа време обврската за нивно пронаоѓање и враќање во затвор е на Министерството за внатрешни работи. Ако биле во затвор, каде што и требало да бидат, немаше да го извршат вчерашното убиство.

Значи, да го повториме прашањето:
Дали сторителите на вчерашното убиство во сред бел ден, во центарот на Скопје се двајца осудени криминалци кои наместо да се во затвор, биле на слобода и дали е точно дека по нив е распишана потерница пред повеќе од 30 дена⁉️

Патем ќе поднесам пријава до МВР и да видиме каков пристап ќе има МВРО-ВМРО во случајот за тоа што ме следат и ми се закануваат”, пишува прстеничката Славјанка Петровска на социјалните мрежи, објавувајќи ги двете фотографии со закани објавени исто така на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави