Oва е трикратниот убиец од Сански Мост

Мехемед Вукалиќ, домарот во гимназијата во Сански Мост, отворил оган од автоматска пушка и ги убил директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Ниџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ.

Откако го извршил тројното убиство, Вукалиќ сакал сам да си пресуди и се застрелал. Со тешки повреди бил пренесен во болницата во Бања Лука. Од Ургентниот центар соопштија дека пациентот е свесен и дека во моментов се водат дијагностички процедури па треба да се оперира.

Според пишувањата на босанските медиуми, мотивот за насилството лежи во претходната дисциплинска постапка против Вукалиќ. Тој наводно ги убил членови на комисијата која одлучувала за дисциплинските мерки против него.

Треба да знаете
Последни објави