Убиениот кај Мавровка бил косопственик на златара

Васил Е., кој вчера утрото беше застрелан на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“, е косопственик на златарскиот дуќан „Дона“ во Трговскиот центар „Бисер“.

Дуќанџиите за Слободен печат изјавиле  дека станува збор за мирно семејство, кое немало голема комуникација со сопствениците на останатите локали.

Купувале и продавале злато и сребрен накит изминатите десетина години, а последните две години бизнисот го насочиле кон брендирана бижутерија.

Двајца од тројцата разбојници кои го застрелаа Васил Е. на паркингот кај ТЦ Мавровка пред очите на неговата сопруга полицијата успеа да ги уапси а по третиот кој со еден куршум испукан во грб го убил  и успеал да побегне полицијата сеуште трага.

Треба да знаете
Последни објави