Прегазена Штипјанка, возачот избегал од местото на несреќата

МВР информира дека вчера попладне во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Сутјеска“ во Штип, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки удрило во пешакот Ц.К.(67) од Штип, по што возачот со возилото го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.К., констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави