Лазо Узунчев нов генерален директор на ЕСМ?

Според неофицијални информации на Телма, Лазо Узунчев најверојатно ќе биде идниот прв човек на државната ЕСМ. Станува збор за човек кој што бил директор во еден од големите синџири за бела техника и апарати за домаќинство во земјава.

Инаку, според информации, позицијата генерален директор на ЕСМ претходно им била понудена и на други лица, меѓу кои познати професори и поранешни државни функционери, но ниту од нив не ја прифатил понудата.

Дали Узунчев или некој друг ќе застане на чело на ЕСМ, ќе се знае до крајот на неделава. Утре најверојатно ќе заседава надзорниот одбор на компанијата и, конечно, треба да се комплетира и новиот Управен одбор.

Треба да знаете
Последни објави