Уапсени двајца мажи од струмичко, пукало на семејна веселба

– Денеска во СВР Струмица бил извршен службен разговор со З.Д.(45) и Д.С.(25), двајцата од с.Ново Коњарево, струмичко. Имено, по преземени мерки и активности од СВР Струмица беше утврдено дека на 15.08.2024 за време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол. Во разговорот тие го признале делото, а од Д.С. бил одземен пиштолот, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави