Почина најстарата личност на светот на 117-годишна возраст

Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која важеше за најстарата личност на светот, почина на 117-годишна возраст, објави денеска нејзиното семејство. Брањас беше прогласена за најстарата личност на светот од страна на Геронтолошката истражувачка група, откако минатата година почина француската калуѓерка Лусил Рендон на 118-годишна возраст.

Родена на 4 март 1907 година во Сан Франциско, Брањас се преселила во Шпанија со своето семејство кога била млада. По нејзината смрт, титулата за најстарата личност на светот сега ѝ припаѓа на 116-годишната Јапонка Томико Итока, според истата група.

Треба да знаете
Последни објави