Граѓаните револтирани по релативизирањето на Тошковски за скандалот на Гаши: Не плаќаме данок за ова

По објавата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во врска со скандалот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кога тој со службени возила отишол на приватна прослава во Косово, а покрај него и приватни возила поминале непроверени на границата, граѓаните остро реагираат во коментарите.

Тие го прашуваат Тошковски по кој закон функционерите може да ги користат и злоупотребуваат службените возила за приватни цели, заедно со нивните семејства и пријатели и му порачуваат дека граѓаните не плаќаат данок за функционерите да ги возат и семејствата на држвен трошок.

Граѓаните се револтирани од користењето на службените возила за приватни цели, но и флагрантното кршење на законите од страна на Гаши и останатата свадбена поворка, која непроверена поминала граница.

Во коментарите има и такви кои се шегуваат дека фали на крајот Тошковски уште да му се извини на Гаши за непријатностите, но има и многу кои бараат Гаши да биде сменет од позицијата на претседател на Собранието.

Откако СДСМ утрово објави дека покрај Гаши кој со службени возила отишол по невеста во Косово, границата без контроли и проверки ја поминале и приватни возила кои патувале заедно со претседателот на Собранието. Ваквите наоди од СДСМ ги потврди и министерот Тошковски кој призна дека граничниот премин на 18 август во период од 18:40 часот до 18:42 часот го поминале шест возила под полициска придружба од кои три полициски и едно ВИП возило.

Тоа значи дека покрај четирите службени возила, три полициски и едното возило во кое се превезувал Гаши, граничниот премин без контрола и евиденција го поминале уште две приватни возила.

Треба да знаете
Последни објави