Синер и Тијафо ќе се бора за трофејот во Синсинати

Јаник Синер и Френсис Тијафо ќе се борат за титулата на Мастерсот во Синсинати. Двајцата во три сета славеа во дуелите со Александар Зверев, односно Холгер Руне.

Светскиот рекет број 1 стана првиот Италијанец кој ќе се пласирал во финалето во Синсинати. Синер по повеќе од три часа борба го победи Зверев со 7:6 (11:9), 5:7, 7:6 (7:4).

Синер победи за себе и за Новак Ѓоковиќ, кој остана на второто место на АТП листата. Ѓоковиќ пред Ју-ес опен ќе назадуваше на АТП листата доколку Зверев се пласираше во финалето.

Во три сета и Тиафо го победи против Руне. Мечот траеше повеќе од два часа. Американецот слвеше со 4:6, 6:1, 7:6 (7:4).

Финалето е закажано за полноќ по македонско време во ноќта меѓу понеделник и вторник.

Треба да знаете
Последни објави