Генерал-мајор Сашко Лафчиски е нов Началник на Генералштабот на АРМ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за Началник на Генералштабот на Армијата.

Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за Советник на Началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

Свеченото примопредавање на должноста Началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

Треба да знаете
Последни објави