Гостивар: Го тепале со бебето во раце, и тоа е повредено

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од с.Неготино и Б.Ш.(30) од с.Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопштуваат од МВР, на 12.08.2024 во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди.

Треба да знаете
Последни објави