Возењето со отворени прозорци не е добро за здравјето

Многу возачи одлучуваат да возат со отворени прозори на топлото време, меѓутоа оваа навика може да биде штетна по здравјето, пишува магазинот „Behind the Wheel“.

Возењето со отворени прозори, освен што предизвикува за собирање на повеќе прашина и нечистотија во внатрешноста на автомобилот, исто така лошо влијае и за вашите бели дробови. Песок, ситни каменчиња, полен и прашина полесно влегуваат во вашиот автомобил, а тоа може да предизвика и алергии кај возачот и патниците.

Доколку возите со отворени прозори, ќе соберете и до 45 отсто од загадувањето, кое инаку се собира во 24 часа. Доколку имате клима уред во вашиот автомобил, но не го користите туку се разладувате само со отворање на прозорите за да заштедите, сепак не го правите тоа.

„Работата на клима уредите додека возите е поефикасно и поекономично решение во споредба со возењето со спуштени прозори“ вели Дејвид Бенет, експерт за поправка на автомобилски клими во Американското здружение за автомобили.

Извор: trn.mk

Треба да знаете
Последни објави