Од затворот во Шутка избегале 10 затвореници

Десет лица се во бегство од затворот “Скопје” во Шутка, дознава “Скопје1”. Ова е констатирано при проверката синоќа во 17:30 минути.

Во моментот на пребројувањето недостасувале 14 лица, па 4 се вратени. Не е познато дали овие 10 затвореници кои ги нема, се веќе пријавени во полиција.

Непознато е и дали тие користеле привилегии. Новиот директор Бобан Утковски вети строго почитување на правилата и рече дека со тоа ќе прекине оваа пракса.

Треба да знаете
Последни објави