Возило излетало од пат во Липковско, повредени возачот и двајца малолетни сопатници

На 11.08.2024 околу 22.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од  с.Ропаљце кон село с.Никуштак, липковско, патничко возило „нисан” со кумановски регистарски ознаки, упраувано од И.С.(18) од с.Ропаљце, излетало надвор од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Увид на местото на несреќата  извршила увидна екипа од  СВР Куманово.    

Треба да знаете
Последни објави