Страшна несреќа кај Анкара: Автобус удри во столб на мост, најмалку 9 мртви и над 20 повредени

Најмалку девет лица загинаа, а 26 се повредени кога патнички автобус удри во столб на мостот во областа Полатсли, во близина на турскиот главен град Анкара.

Според информациите, возачот на автобусот, кој сообраќал на релација Измир – Агри, изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал од патот и удрил во столб од мостот.
Гувернерот на Анкара, Васип Шахин, потврди дека, според првичните информации, во несреќата загинале девет лица, а 26 се повредени.

Пожарникарите и спасувачките служби излегле на терен и успеале да ги спасат заглавените во автобусот, кои биле префрлени во блиските болници.

Треба да знаете
Последни објави