Олимписки рекорд и златен медал за Надим во фрлање копје

Ашрад Надим со олимписки рекорд го освои првиот медал во атлетика за Пакистан во историјата на Олимписките игри. Надим победи во дисциплината фрлање копје со рeзултат 92 метри и 97 сантиметри.

Индиецот Нерај Чопра освои сребро со 89,45 метри. И тој како и неговиот голем ривал Надим, најдоброто фрлање го имаше во втората серија.

Андерсон Петерс од Гранада ја освои бронзата, во четвртата серија тој го фрли копјето на далечина од 88,54 метри.

Треба да знаете
Последни објави