Премиерот Мицкоски ќе одмара во Црна Гора, еве каде ќе одат другите министри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, следните три дена ќе ги мине на краток одмор во Црна Гора со семејството, објави „Вечер“.

Од владата најавуваат дека ќе нема колективен одмор, како што беше случај минатите години, туку парцијално членовите ќе користат одмор.

Мицкоски ова лето поголемиот дел ќе бил повеќе ангажиран, а само од 8 до 11 август ќе мине во Црна Гора со неговото семејство.

Премиерот потоа ќе се врати во Скопје и ќе продолжи со работа.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе замине исто во Црна Гора. Александар Николоски дел од одморот ќе мине во Охрид, додека Панче Тошковски оди во Турција. Изет Меџити, вицепремиерот веќе го користи одморот во Грција, исто како и министерот за здравство Арбен Таравари.

Треба да знаете
Последни објави