Дуплантис направи пародија на турскиот стрелец по победата на Олимпијадата со светски рекорд

Двократниот олимписки шампион во скок со стап Арманд Дуплантис ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Јусуф Дикеч.

Откако Швеѓанецот синоќа постави нов светски рекорд, со левата рака во џеб застана во позиција од која Дикеч стрелаше на олимпискиот турнир.

Дваесет и четиригодишниот Дуплантис освои златен медал на Игрите во Париз, станувајќи двократен олимписки шампион.

Треба да знаете
Последни објави