Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Дваесет и седумгодишен осуденик кој избегал од кумановскиот затвор, бл приведен викендов и вратен во установата.

На 03.08.2024 во 15.45 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Р.Џ.(27) од Штип, кој бил баран по потерница поради бегство од Затвор Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Р.Џ. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави