Келиф по пласманот во полуфиналето: Ова е победа за сите жени во светот

Алжирската боксерка Имане Келиф, која трпеше навреди и коментари за нејзиниот родов идентитет, ја даде својата прва изјава по скандалите на Олимпијадата.

Вчера Келиф ја победи Унгарката Ана Марија Хамори и се пласираше во полуфиналето, со што и донесе медал од Игрите во Париз.

Таа потоа разговараше со арапскиот спортски радиодифузер „Беин спортс“, прекинувајќи го молкот од почетокот на нападите.

-Многу сум горда што и донесов медал на мојата земја во Париз. Работев напорно за овој успех. Ова е победа за сите жени во светот, изјави боксерката.

Треба да знаете
Последни објави