(Фото/Видео) Километарски колони за влез во Македонија

Продолжениот празничен викенд и екот на годишните одмори донесоа и гужви на граничните премини.

Вечерва километарски колони има за влез во Македонија од Грција, на граничниот премин Евзони.

Според информациите од граѓани кои се на преминот, задржувањето е повеќе од два часа.

Покрај македонските, бројни се и автомобилите со српски регистарски ознаки на граѓани од оваа држава кои масовно летуваат кај нашиот јужен сосед.

Треба да знаете
Последни објави