Филипче: Се создава впечаток дека некој сака да ја скрие вистината за скандалот на аеродромот

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Недозволиво да нема цел ден вчера официјално соопштение од МВР што точно се случило за една ваква сериозна работа. Има неколку верзии по медиумите во текот на вчерашниот ден, од една страна од кабинетот на претседателката на Косово, од друга страна различен е ставот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Сметам дека ова е апсолутно недозволиво и се создава впечаток дека некој сака да ја сокрие вистината. Граѓаните тоа не го заслужуваат и апелираме во поскоро време МВР да истражи што се случило и со вистински информации да ја информираат јавноста, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат. Меѓутоа нас ова нѐ не изненадува, ние ова го гледаме во ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот месец. На пример премиерот Мицкоски и министерот Николовски едно кажуваат, министерот Муцунски друго кажува за пругата кон Бугарија. 

Понатаму премиерот едно кажува за намалување на платите на функционерите, а министерката Кочовска кажува дека ќе си оди ако се случи тоа. 

Исто, со едан став излегуваат албанските партии од владината коалиција, со друг став ВМРО-ДПМНЕ. Така што сметам дека ова се знаци, дека таму владее една голема конфузија.

Треба да знаете
Последни објави