Давкова повторно се моли да заврне дожд

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова при денешната посета на манастирот „Свети Прохор Пчински“ рече дека се моли до крајот на денот да заврне дожд оти „републиката е во пламен“.  

„Јас денеска се молам, велам дека веројатно моето присуство во овој прекрасен објект сигурно ќе ни помогне на крајот на денот да заврне дожд оти републиката е во пламен. Така што уште еднаш да изразам голема благодарност за помошта во гаснењето на пожарите“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа и пред неколку недели во еден јавен настап исто така кажа дека се молела да заврне за пожарите да бидат изгасени.

Треба да знаете
Последни објави