Хаос во дискотека во Охрид – масовни тепачки меѓу малолетници имало и повредени

Охрид деновиве е преполн со туристи а тоа значи и повеќе работа за полициските службеници.

Вчера во еден ноќен клуб во Охрид при настап на една српска поп ѕвезда се случиле неколку масовни тепачки, дознава 24инфо.мк од свои извори.

Тепачките се случиле главно меѓу малолетници при што најмалку еден учесник добил посекотини од пивско шише.

Околу десетина малолетници под дејство на алкохол биле примени во охридската болница, а во меѓувреме концертот бил прекинат.

24инфо.мк побара став од СВР Охрид но од таму ни беше кажано дека нив немало стигната никаква пријава за посочениот локал.

Треба да знаете
Последни објави