Србија со 2 хеликоптери и 54 пожарникари учествува во гаснењето на пожарите кај Прохор Пчински и Свети Николе

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Секторот за вонредни состојби и хеликоптерската единица вчера беа употребени во гаснењето на пожарите кај Рашка и Прохор Пчински, како и во источниот дел на Северна Македонија, кај Свети Николе

„Хеликоптерот „Супер Пума“ на Хеликоптерската единица на МВР на Србија, испратен за содејство со припадниците на Секторот за вонредни состојби во гаснењето пожар на планината Козјак, кај манастирот Прохор Пчински го заврши својот ангажман на споменатата локација. Извршени се вкупно девет налети и фрлени се 27 тони вода на опожарената површина“, соопшти српското МВР.

Треба да знаете
Последни објави