Алкараз изненаден од одлуката на организаторот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз за неколку часа ќе излезе на „Филип Шатрие“, во четвртфиналето на олимпискиот турнир. Неговиот меч со Томи Пол е закажан за 14 часот.

Алкараз, вчера, најпрвин играше во сингл, славеше над Роман Сафиулин, а потоа играше и во двојки со Рафаел Надал. Шпанците загубија од американската комбинација Рам/Крајчек.

„Немам друг избор, морам да ги прифатам работите такви какви што се. Мора да го искористам максимумот од времето помеѓу двата натпревари за да се одморам. Свесен сум дека ако играм добро, имам шанса да ја донесам Шпанија до медал“.

Треба да знаете
Последни објави