Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска 01.08.2024 во просториите на министерството оствари работна средба со амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, Невена Јовановиќ.

На средбата беа потенцирани одличните односи во областа на земјоделството и двете страни изразија подготвеност за понатамошна соработка.

„Со понатамошната соработка помеѓу двете земји се отвараат големи можности за интензивирање на размената на земјоделски производи”, потенцираше Трипуновски.

Република Србија е долгогодишен партнер на Република Македонија и добрата соработка ќе продолжи и во иднина.

Треба да знаете
Последни објави